петок, 24 април 2026

Генералниот секретар на ОН: Авганистан бега од контрола

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е момент да се сопре офанзивата. Ова е момент да се почнат сериозни преговори. Ова е момент да се избегне продолжена граѓанска војна или изолација на Авганистан“, им кажа Гутереш на новинарите во Њујорк.

Талибанските милитанти освоија речиси сè и се приближуваат кон Кабул, бележејќи големи воени успеси во последните недели на теренот, а судбината на престолнината сега е неизвесна.

Гутереш ги повика сите страни да направат повеќе за да ги заштитат цивилите.

Тој истакна дека е „длабоко вознемирен поради првите индикации дека талибанците воведуваат тешки ограничувања на човековите права во областите под нивна контрола, а особено правата на жените и новинарите“.

„Особено се страшни и срцепарателни извештаите за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојчиња и жени“, кажа тој.

Под талибанска влада меѓу 1996 и 2001 жените не смееја да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да одат во училиште. Жените мораа да носат бурка и да бидат придружувани од машки член на семејството ако сакаат да излезат од дома.

Обединетите нации ја следат и проценуваат безбедносната ситуација во Авганистан „од час во час“ и селат дел од персоналот во Кабул, но никого не евакуираат, кажа портпаролот на ОН вчера.

ОН има околу 3.000 луѓе локален персонал и околу 300 меѓународни службеници на терен во Авганистан, им кажа на новинарите портпаролот Стефан Дужарик.

Од почетокот на годината речиси 400.000 луѓе се раселени поради конфликтите низ Авганистан. Дужарик кажа дека 10.350 интерно раселени лица дошле во Кабул во периодот од 1 јули до 12 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ