„Уште во 2009 година, за време на таканаречената Голема рецесија, претседателот ме замоли јас да управувам со тој дел, тогашниот претседател Трамп“, им кажа Бајден на присутните во Пенсилванија, пренесува Фокс њуз.
Joe Biden mistakes President Obama for President Trump, calling it a “Freudian slip.” pic.twitter.com/fYfZBuciXL
— Townhall.com (@townhallcom) July 28, 2021
Тој потоа се извини и кажа дека станува збор за „фројдовски лапсус“, а потоа објасни дека Трамп беше последниот претседател кој му бил противкандидат на Обама, додека Бајден беше потпретседател.
Неговата грешка во говорот како и дополнителното објаснување предизвикаа реакции на американската јавност, пред сè на Бајденовите политички противници.
„Мислам дека Џо Бајден најверојатно не знае што е тоа „фројдовски лапсус““, порачаа од кабинетот на републиканскиот сенатор Џош Холи.
Имаше и други коментари на социјалните мрежи кои укажаа дека со оваа изјава Бајден „ги збунил и Трамп и Обама“, како и дека „објаснувањето дека станува збор за фројдовски лапсус значи дека тој има потсвесни чувства кон својот поранешен шеф“.
Бајден најновиот лапсус го направи за време на посета на Пенсилванија, каде вчера во погонот за производство на камиони Мек тракс ги најави напорите на својата влада кои треба да ги охрабрат граѓаните и компаниите да купуваат американски производи.






