вторник, 5 мај 2026

Француската ЕДФ повеќе нема да ја исклучува струјата поради неплатени сметки

Објавено на

часот

Сподели

Владата им забрани на добавувачите да ја исклучуваат електричната енергија на граѓаните кои не ги платиле сметките за време на „зимското примирје“ од 1 ноември до 31 март за да се обезбеди снабдување на домаќинствата и истовремено зачувување на нивната куповна моќ во период на голем скок на цената на струјата и гасот.

Париз во октомври објави дека на домаќинствата со пониски приходи ќе им исплати по 100 евра за полесно да се справат со поскапувањето на енергијата, особено горивото.

Државната ЕДФ сега објави дека од 1 април идната година, по истекот на „примирјето“, на граѓаните кои не ги платиле сметките повеќе нема да им ја исклучува струјата, туку ќе ја намали нејзината моќност на загарантирано минимално ниво.

„Со оваа мерка, ЕДФ по зимскиот период на примирје ќе направи повеќе отколку што се бара со регулаторните обврски“, се вели во соопштението на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ