„50.000 кутии од овој лек ќе бидат испратени во Франција кон крајот на ноември или почетокот на декември, веднаш штом лекот излезе од производство“, рече Веран на сослушувањето во Сенатот, пренесе Ројтерс.
Мерк, кој надвор од Северна Америка се нарекува МСД за да се разликува од истоимената германска компанија, на почетокот на октомври ги објави добрите резултати што ги покажа овој антивирусен лек.
Американската лабораторија, која го тестирала лекот на речиси 800 пациенти, при што деталите треба да ги објави, истакнува дека молнупиравир го преполовува ризикот од хоспитализација доколку се земе во рана фаза на болеста.
Групацијата побара одобрение за лекот од американските и европските здравствени власти, а последните во понеделникот известија дека започнуваат забрзана постапка.
Сепак, Веран потсети дека лекот нема да биде единствениот одговор на епидемијата, алудирајќи на важноста на вакцинацијата против ковид-19.
Цената на лекот во принцип ќе биде висока. Веран не ја откри вредноста на нарачката. Мерк има договор со САД за продажба на лекови доволни за 1,7 милиони луѓе, а еден третман со Мерк чини 700 долари. Мерк, исто така, неодамна потпиша договори со Велика Британија, Малезија, Сингапур и други земји.
„Вакцинирањето, плус антивирусните лекови, плус моноклоналните антитела, е еднакво на значително помал здравствен ризик“, истакна тој.
Тој комплет „ќе не заштити и од епидемиски бран на новата верзија на вирусот за која сè уште не се знае колкава штета предизвикува“, заклучи тој.






