Техеранската конференција е одржана во амбасадата во 1943 година, а Иранците тој настан го сметаат за најниска точка во историјата на независноста на Иран. Затоа и фотографијата која ја објави руската амбасада предизвика скандал во дипломатските кругови во Иран.
Фотографијата на британскиот амбасадор Сајмон Шерклиф и рускиот амбасадор на столиците настанала како одраз на историската фотографија на која на истите столици седат Сталин и Черчил, додека местото на Френклин Рузвелт останало празно. Иран во тоа време бил под руска и британска окупација, иако бил неутрален во Втората светска војна.

Министерот во заминување за надворешни работи на Иран Џавад Зариф на Твитер напиша:
„Ја видов исклучително непримерната фотографија. Морам ли да ги потсетувам луѓето дека август 2021 не е август 1941, ниту декември 1943 година. Иранскиот народ покажа дека неговата судбина никогаш не може да биде во рацете на странските амбасади и странските сили“.
Следеше реакција на руската амбасада.
„Имајќи ги предвид реакциите на нашата фотографија, сакаме да напоменеме дека таа нема антиирански контекст. Не сакаме да ги навредиме чувствата на пријателскиот ирански народ“, се наведува во твитот на руската амбасада.
Во Иран имаше и порадикални реакции, вклучувајќи и повици на исфрлање на двајцата амбасадори.
Амбасадорот Шерклиф на местото амбасадор на Обединетото Кралство дојде во тежок момент за британско-иранските односи, и, според повеќето аналитичари, неговата работа е една од најтешките во британскиот Форин офис, пишува Гардијан.






