среда, 15 април 2026

Фејсбук тестира алатка за отстранување на спорна содржина од групите

Објавено на

часот

Сподели

Објавата за тестирање на таков софтвер пристигна на блогот во средата, каде Фејсбук претстави низа нови софтверски алатки за да им помогне на повеќе од 70 милиони луѓе да водат и модерираат групи на платформата.

Фејсбук, кој според податоците на компанијата има 2,85 милијарди корисници, на крајот на минатата година објави дека повеќе од 1,8 милијарди луѓе секој месец учествуваат во десетици милиони нејзини активни групи.

Со новите алатки, Фејсбук, како што е најавено, ќе може да ги предупреди администраторите на групите ако некоја содржина во нивната група е „контроверзна“ или „нездрава“, соопшти компанијата.

Ако администраторот добие предупредување за несоодветна содржина, ќе може да преземе различни чекори, вклучително и исклучување или привремено ограничување на фреквенцијата на објавување коментари од страна на некои членови на групата и одредување на брзината на коментарите на одделни постови.

Си-ен-ен наведува дека технолошките платформи, како што се Фејсбук и Твитер, сè повеќе се потпираат на вештачката интелигенција за да утврдат голем дел од она што е видливо на мрежата, вклучително и алатки кои откриваат и отстрануваат говор на омраза.

Ова може да биде корисно за да се спречи објавување на содржина што корисниците не сакаат да ја гледаат, а вештачката интелигенција може да им помогне на модераторите и во чистењето на социјалните мрежи, кои станаа премногу масовни за луѓето да можат сомостојно да ги следат, проценува Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ