вторник, 21 април 2026

Федералната полиција на Бразил отвори истрага против Болсонаро

Објавено на

часот

Сподели

Се наведува дека имало неправилности во врска со договорот вреден 1,6 милијарди реали (316 милиони долари) потпишан во февруари за 20 милиони дози со бразилскиот посредник на производителот на вакцини Бахрат Бајотек, објави Ројтерс.

Комисијата на бразилскиот Сенат што ги истражува постапките на администрацијата во текот на пандемијата соопшти дека се сомнева дека цената е превисока и дека има корупција во врска со потпишувањето на договорот.

Некои сенатори тврдат дека Болсонаро не ги проучил веднаш обвинувањата за недозволени постапки кога бил предупреден.

Откако беа објавени извештаите за неправилности, владата го суспендира договорот.

Федералните обвинители на Бразил и генералниот контролор или ЦГУ исто така одделно ги испитуваат наводните неправилности во зделката.

Болсонаро негира дека сторил нешто незаконско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ