петок, 24 април 2026

Фајзер објави извештај за трета доза: Заштитува многу успешно и од делта и од бета

Објавено на

часот

Сподели

Третата доза на вакцината предизвика значително посилен одговор на антитела против оригиналната варијанта на коронавирусот, како и против делта (индиската) и бета (јужноафриканската) варијанта, во споредба со одговорот по двете дози. Според првичните истражувања, третата доза е подеднакво ефикасна против оригиналната варијанта како и против мутациите.

„Со оглед на високото ниво на имунолошки одговор што го забележавме, третата доза администрирана шест до 12 месеци по примарната вакцина може да помогне да се одржи високо ниво на заштита против ковид-19“, се вели во извештајот на компанијата, пренесе Си-ен-ен.

„Овие податоци сугерираат дека можеме да одржиме високо ниво на заштита против вирусот и неговите варијанти со трета доза на вакцината. Таа може да го намали преносот на болеста меѓу луѓето кои се вакцинирани, но и подобро да го контролира ширењето на вирусот во претстојната сезона“, рече доктор Угур Сахин, ко-основач на Бионтек.

Експертите во Фајзер веруваат дека трета доза наскоро ќе биде потребна, но американските здравствени експерти сè уште не мислат дека има потреба од тоа.

Минатата недела, ФДА и Центарот за контрола и превенција на болести одобрија и препорачаа трета доза од вакцината за имунокомпромитирани лица кои имале слаб имунолошки одговор по првите две дози.

Но, здравствените експерти и властите остануваат фокусирани на поттикнување на невакцинираните граѓани на прва доза од вакцината.

Според податоците од понеделник, 50,7% од населението во САД се вакцинирани со двете дози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ