Вакцината на Фајзер против коронавирусот сега чини 19,50 евра по доза, наместо досегашните 15,50, додека таа на Модерна сега чини 25,50 долари по доза.
Фајненшл тајмс наведе дека во оригиналниот договор, цената на Модерна била 19 евра, и дека сегашните 25,50 долари сѐ уште се пониски од првично договорената цена од 28,50 долари, бидејќи побарувачката е зголемена.
Европската комисија во вторникот објави дека ЕУ е близу до целта да има најмалку 70% целосно вакцинирана возрасна популација до крајот на летото.
Фајзер и Модерна не одговориле на прашањето на Ројтерс за зголемувањето на цената на вакцините против ковид-19.






