„Оваа влада не изгледа инклузивно или репрезентативно, со оглед на богатата етничка и верска разновидност во Авганистан, на каква што се надевавме и каква што талибанците ветуваа во последните недели“, рече портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Питер Стано.
Тој додаде дека ЕУ очекува таква инклузивност и репрезентативност на идната преодна влада.
Во новата талибанска влада нема жени, а меѓу нејзините членови има и оние кои се под санкции на ОН и кои се на листата барани лица во САД.
Сите членови на владата предводена од Мохамед Хасан Ахунд се талибанци, и речиси сите се етнички Паштуни.
Од преземањето на власта во Авганистан, талибанците постојано тврдат дека се промениле, но нивните уверувања наидуваат на сомнеж.






