среда, 6 мај 2026

Драматично предупредување на премиерот: Ако не можеме да спречиме илјадници, ќе навалат милиони од нив

Објавено на

часот

Сподели

Тој зборуваше за конфликтот меѓу полските безбедносни сили и мигрантите кои навалија на граничниот премин од правец на Белорусија, а ситуацијата во еден момент ескалираше, па дојде до инцидент во кој полските безбедносни сили на мигрантите употребија водени топови и солзавец.

Мигрантите, од друга страна, ја пробиja граничната ограда и со неа гаѓале на припадниците на полицијата и армијата. Според проценките на новинарите од лице место од едната страна имало илјадници мигранти, а од другата најмалку исто толку припадници на безбедносните сили на Полска.

„Ако не можеме да задржиме илјадници мигранти сега, тогаш наскоро стотици илјади, милиони ќе тргнат кон Европа. Ако решително не ги браниме нашите граници во Европа, стотици милиони од Африка или од Блискиот Исток ќе се обидат да стигнат до Европа, а особено до Германија“, истакна тој.

„Повеќе од 80 милиони луѓе живеат во Германија – дали би дозволиле да дојдат уште 50 милиони? Верувам дека луѓето во Германија не би биле среќни поради тоа, затоа што сакаат да го задржат својот животен стандард. Сакаат да ја зачуваат својата култура“, рече Моравјецки во интервју за таблоидот Билд.

Тој вели дека моменталната состојба на полско-белоруската граница е стабилна, но дека станува се поопасна.

Моравјецки даде потврден одговор на прашањето дали пропадна миграциската политика на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. „Мислам дека политика од пред пет-шест не е адекватна политика. Тоа го загрозува суверенитетот на многу европски земји и создаде вештачки мултикултурализам. Тоа е опасно за Европа и за целиот свет“, рече Моравјецки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ