четврток, 23 април 2026

Драматични снимки од Италија: пет повредени, 30 отруени во пожарите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Евакуирани се 800 лица од дом за стари, манастир, голем број локални жители и сите туристи на тој дел од крајбрежјето.

Изгорела заштитена зона, природниот резерват Пинета Данинцијана. Засега е утврдено дека пожарот почнал од три различни места, што е речиси сигурен знак дека е подметнат.

Обвинителството на Пескара отвори истрага која треба да утврди дали станува збор за дело на пиромани или во позадина се криминалци кои со пожарите се обидуваат да ја сменат категоризацијата на земјиштето.

Меѓутоа во Италија постои закон кој забранува на земјиштето, уништено од пожар, да му се смени намената.

Според законот намената мора да остане иста како и пред пожарот.

И во други делови на Италија горат пожари – на Сицилија, Сардинија и во Абрузо, 15 активни пожари кои ги разгорува топлиот ветер.

Цивилната заштита во последните 24 часа добила 43 повици за помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ