сабота, 9 мај 2026

Додик по парадата во Москва: Го потврдивме братскиот однос меѓу српскиот и рускиот народ

Милорад Додик, кој присуствува на прославата на Денот на победата во Москва, изјави дека пријателските и братските односи меѓу српскиот и рускиот народ уште еднаш се потврдени на приемот што го организираше рускиот претседател Владимир Путин за странските претставници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Република Српска ја цени историската улога на рускиот народ во победата над фашизмот и останува посветена на соработката, меѓусебното почитување и зачувувањето на традиционалните врски“, објави тој на социјалната мрежа Икс.

Покрај лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, делегацијата на Република Српска на приемот кај рускиот претседател ги вклучуваше претседателот на Република Српска, Синиша Каран, и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.

Денес, Русија одржа традиционална воена парада на Црвениот плоштад по повод Денот на победата, со кој се одбележува годишнината од советската победа во Втората светска војна.

На парадата присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на неколку странски земји, вклучувајќи го претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит и малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ