среда, 29 април 2026

Додик им порача на Србите: Нема за нас живот на овие простори без независна држава (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Додик порача дека за Србите нема живот на тие простори ако немаат независна држава, а сè што се случува, меѓу другото и одлуката на Уставниот суд на БиХ покажува дека тоа е неопходно.

„Тие можат да направат каква сакаат пракса и тоа сè е подметнување на Србите од ЕУ и од Америка, дека треба да ги почитуваме Уставниот суд и БиХ“, истакна тој.

Истакна дека работата на Уставниот суд е да се бави со усогласеноста на законите со уставот на БиХ, а не да одлучува за сопственоста.

Кажа и дека ова е обид за грабање на сè што е во надлежност на Република Српска, укажувајќи дека тоа трае со години, и дека РС треба да отфрли сè што ѝ е наметнато и да се врати на изворниот Дејтонски договор.

[video:https://youtu.be/uOZu7lC9YZc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ