петок, 24 април 2026

Додека сите го евакуираат персоналот од амбасадите во Кабул, Русите остануваат

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадата не е загрозена, така што евакуација не е потребна“, соопштија извори од амбасадата.

Портпаролот на талибанците кажа дека талибанското движење ја гарантира безбедноста на персоналот на руската амбасада во Кабул.

„Да, имаме добри односи со Русија и нашата политика е да се обезбедат услови за функционирање на руската и останатите амбасади“, кажа портпаролот.

Од друга страна, Германија, Канада и Соединетите Американски Држави го затворија своите амбасади.

Германија ја затвори амбасадата веднаш по влегувањето на талибанците во градот.

„Безбедносната ситуација значително се влоши. Германската амбасада во Кабул е затворена од 15 август“, наведено е на сајтот на службата за странци.

И Норвешка, Данска и Франција најавија евакуирање на амбасадите.

Останува и НАТО

НАТО го одржува дипломатското присуство во Кабул и помага во работата на градскиот аеродром, соопшти денес претставник на НАТО.

„НАТО постојано го проценува развојот на настаните во Авганистан“, кажа неименуваниот претставник, а пренесува Ројтерс. Истакна дека безбедноста на персоналот е најважна и дека НАТО продолжува да се прилагодува на промените.

„Ги поддржуваме авганистанските напори да се најде политичко решение на конфликтот, кое сега е поитно од кога било“, додаде функционерот на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ