петок, 24 април 2026

Џо Бајден и сопругата ќе се вакцинираат со трета доза од вакцината против корона

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе добиеме трета доза од вакцината“, рече Бајден за Еј-би-си њуз во телевизиско интервју емитувано денес.

Неговите изјави се снимени вчера кога здравствените власти го претставија својот план за можноста Американците вакцинирани со две дози од 20 септември да добијат и трета, „бустер“ доза на вакцината против ковид.

Програмата за вакцинација со трета доза се иницира, иако милиони Американци допрва треба да ја примат првата доза, а жителите на бројни сиромашни земји во светот сè уште чекаат испорака на првите количини вакцини.

Бајден (78) рече дека тој и неговата сопруга биле вакцинирани со прва доза од вакцината на Фајзер уште во декември, кога вакцината штотуку пристигна во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ