Девојчето, кое требаше заедно со Ердоган да ја пресече лентата беше нестрпливо. Иако обезбедувањето неколку пати ја спречи да го стори тоа пред шефот на државата да го заврши долгиот говор – девојчето сепак само ја пресече лентата.
Протоколот ја замени лентата, но таа повторно ја пресече… па уште еднаш…
[video:https://www.youtube.com/watch?v=YHToiG-eCMg&t=2s autoplay:0]Таа гордо се пофали со зборовите „Успеав“, на што Ердоган ѝ рече „па зошто избрза“.
Инаку, ова не е прв пат едно дете да го претекне Ердоган при сечење лента. Светот минатиот месец го обиколи и видеоснимка, кога турскиот претседател нетрпеливото момче и го тупна по глава.






