четврток, 23 април 2026

Десет држави се спремни да го повлечат признавањето на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за многу цврсти гаранции кои овие земји му ги дале на официјален Белград.

Политика наведува дека се претпоставува дека станува збор за земји од Африка и Азија, но не се наведува кои, пред сè поради можниот притисок на кој би биле изложени од САД.

Предраг Рајиќ од Центарот за општествена стабилност смета дека земјите кои би можеле да ги преиспитаат своите претходно донесени одлуки, односно да го повлечат признавањето, се од африканскиот континент, но и од Блискиот Исток.

Рајиќ оценува дека Приштина работела на своја штета кога решила да ја отвори амбасадата во Ерусалим, додека Белград во својата дипломатска борба смета на Русија и Кина, од која се очекува посилен ангажман околу прашањето на Косово.

Тој наведува дека Приштина веројатно на почетокот на септември ќе издејствува да биде укинат мораториумот на дипломатската активност на признавањето, но и повлекувањето на признавањата на Косово, но тоа на Приштина не ѝ оди во прилог бидејќи нема мнозинство за да влезе во меѓународните институции.

Поранешниот министер за надворешни работи на СР Југославија Владислав Јовановиќ вели дека Кина почнала да се појавува во врска со прашањата кои не може да ги реши Вашингтон и попречува тие цели да се спроведат до крај, како прашањето на Република Српска и зачувувањето на територијалниот интегритет на Србија.

Според Јовановиќ, ако до крајот на годината кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Србија тоа би била јасна демонстрација на поддршка и би испратило поширока слика, на која Западот би морал да внимава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ