петок, 22 мај 2026

Делови од Сиднеј во карантин откако е откриено ново жариште

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на четири градски населби и луѓето кои работат во нив мора да останат дома освен ако „не е апсолутно неопходно“, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Бериџиклијан, по објавата дека здравствените власти регистрирале 22 нови случаи од последниот извештај.

Важни причини за напуштање на домот се одење на работа или образование, во набавки, здравствена заштита или вежбање на отворено.

Здравствената службеничка Кери Шант вели дека е наложено да се остане дома за да им се олесни на властите потрагата на нови инфекции.

Државата Нов Јужен Велс регистрираше 5.507 случаи на инфекција и 56 смртни случаи од избувнувањето на пандемијата. Во моментов, 56 лица се лекуваат од ковид-19, а едно лице е на интензивна нега.

Австралија досега успеа да ја задржи пандемијата под контрола со примена на многу строги мерки, вклучително и затворање на меѓународните граници од март 2020 година со неколку исклучоци.

Земјата вкупно имала над 30.400 случаи на инфекција и 910 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Но, сè повеќе се критиките за бавното темпо на вакцинирање и сè повеќе реакции има за затворените граници. Австралиската влада објави дека не очекува обнова на меѓународните патувања до 2022 година.

До четврток вкупно биле дадени нешто помалку од 7 милиони дози вакцини во земјата со 25 милиони жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ