Активистите изразија фрустрација поради недостигот од резултати од конференцијата на нејзиниот последен ден.
Членови на еколошки групи и синдикати се меѓу оние што пеат „моќта на народот“ додека ја напуштаат арената за да им се придружат на стотиците демонстранти на улицата надвор од сината зона на самитот.
“Power to the people…”
The walkout by climate campaigners attending #cop26 to join street protests is underway pic.twitter.com/xZOf3CKO4D
— Glenn Campbell (@GlennBBC) November 12, 2021
Расположението меѓу активистите стана мрачно кога говорници што беа на самитот ѝ се обратија на толпата, вклучително и 15-годишник од Чад, кој рече дека езерото Чад пресушило за 95% од 1950-тите.
Притисокот се зголемува на КОП26 додека преговарачите од речиси 200 земји се обидуваат да постигнат договор за справување со климатските промени.
Крајниот рок за постигнување договор помина пред дваесетина минути, во 19 часот, а договор сѐ уште не е постигнат – нешто што се има случено на многу други КОП самити.
Самитот се смета за клучен момент во обидот да се задржи зголемувањето на температурата на 1,5 Целзиусов степен и да се ограничат катастрофалните поплави, шумските пожари и покачувањето на нивото на морето.
Но сегашните ветувања значително нè исфрлија од колосек и сега сме упатени кон загревање далеку над 2 Целзиусови степени.
Споровите околу парите остануваат во центарот на вниманието, а земјите во развој бараат богатиот свет да плати, пренесува Би-би-си.






