„Сметаме дека ваквата позиција на најдобар начин го одразува нашиот став за решавање на меѓународните безбедносни проблеми. Но ги одразува и длабоките чувства на нашиот народ во врска со бомбардирањето на нашата земја од страна на НАТО пред 22 години“, кажа Дачиќ на отворањето на семинар на Парламентарното собрание на НАТО.
„Европските интеграции, Партнерството за мир се понатамошните чекори во соочувањето со преостанатите предизвици на Западниот Балкан“, кажа Дачиќ.
Тој истакна дека Србија го почитува тоа што НАТО „длабоко ја уважува ваквата определба и не ја гледа како пречка за интензивна соработка во заемен интерес“.
„Како што Србија не планира да пристапи во членството на НАТО сојузот, така ни НАТО нема некаков „таен план“ да нè зачлени, како што пред неколку години ми кажа тогашен висок функционер на НАТО“, истакна Дачиќ.
Зборувајќи за безбедносните проблеми и предизвици, тој истакна дека „за Србија прашање број еден и предмет на нашето најголемо внимание е Косово и Метохија“.






