среда, 6 мај 2026

Црногорскиот пасош се нуди на саем во Дубаи

Објавено на

часот

Сподели

Во хотелот Краун плаза во Дубаи учесниците и посетителите ќе можат да дознаат за можностите за миграција и дополнително државјанство.

Саемот се одржува од 18 до 20 ноември.

Станува збор за тридневен настан кој ги собира сите заинтересирани страни – вклучувајќи ги консултантите за емиграција, експерти за индустрии и портпароли на водечките држави кои нудат програми за државјанства и престој преку инвестиции – сето тоа на една платформа, пренесува РТЦГ.

Владата на Црна Гора реши да ја укине програмата за економско државјанство која истекува на 31 декември оваа година.

Соопштија дека, имајќи ги предвид резервите на Европската Комисија кон ова прашање поради можното отежнување на патот на Црна Гора кон ЕУ, владата смета дека не треба да се продолжува програмата по истекот на неговото тригодишно траење на 31 декември.

Ставот на Европската комисија за доделување економско државјанство е дека на тој начин се кршат правните норми на ЕУ, и во тој контекст е истакната потребата за постепено укинување на оваа шема, имајќи ги предвид ризиците кои ги носи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ