среда, 6 мај 2026

Чешка се противи на затворање и покрај рекордниот број заразени

Објавено на

часот

Сподели

Здравствените власти регистрираа 22.936 нови случаи, што е пандемиски рекорд, што предизвика седумдневната стапка на инциденца во земјата да се зголеми на 929 лица на 100.000 жители. Вчера тој број беше изнесуваше 847.

Премиерот Андреј Бабиш рече дека земјата не е подготвена за ново затворање и покрај бројот на заразени. Новиот премиер Петр Фиала исто така се изјасни против затворање на земјата.

Почнувајќи од понеделник, многу институции, како што се хотели и ресторани, ќе бидат достапни само за луѓето кои можат да докажат дека се вакцинирани или се опоравиле од заразата. Владата, исто така, започна со проширување на барањата за тестирање, со задолжителни неделни тестови за невакцинираните студенти и вработените.

Досега се вакцинирани само околу 6,2 милиони од 10,7 милиони жители на Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ