Радев (58), поранешен воен пилот и поранешен командант на вооружените сили, освои меѓу 63 и 65 отсто од гласовите, соопштија три институти за истражување на јавното мислење.
Неговиот противкандидат Анастас Герџиков, кој се кандидираше со поддршка на конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, доби 31 до 33 отсто.
Изборите, четврти годинава, се одржаа во услови на смртоносниот бран на пандемијата ковид-19. Помалку од 25 отсто од 6,9 милиони жители се целосно вакцинирани, смртноста е меѓу највисоките во светот, а дотраените болници се преполни.
Во таа балканска земја, која е парламентарна република, владата ја одредува политиката, а претседателот има воглавно протоколарна должност.






