Турската агенција за вонредни ситуации АФАД соопшти дека 43 лица настрадале во Кастамону, седум во Синоп и едно во Бартин.
Девет лица се згрижени во болниците во Синоп, наведе агенцијата.
Силни дождови ги погодија црноморските провинции Бартин, Кастамону и Синоп во средата и предизвикаа поплави, во кои се уништени куќи, оштетени најмалку пет моста, однесени автомобили и бројни патишта станаа непроодни.
[video:https://youtu.be/ZjWEZuLXGfw autoplay:0]Одделни мештани на Кастамону преку социјалните мрежи јавија дека уште стотици луѓе исчезнале, што го кажа и еден опозициски пратеник.
Од кабинетот на покраинскиот гувернер доцна во петокот беа демантирани информациите дека се најдени 250 тела кои не се идентификувани.
Околу 2.250 луѓе се евакуирани низ регионот, некои се спасени од покривите со хеликоптери, а многумина се привремено сместени во студентски домови, соопштија властите.
[video:https://youtu.be/7RAIeoGsYn4 autoplay:0]Климатските експерти недвосмислено кажаа дека климатските промени доведуваат до екстремното време бидејќи светот се загрева поради употребата на јаглен, нафта и природен гас.
Се очекува таквите катастрофи да се случуваат почесто како што ќе се загрева планетата.
Експертите во Турција сметаат дека и интервенциите на реките и непрописното градење исто така придонеле на масовните штетни предизвикани од поплавите во Турција.
[video:https://youtu.be/aFJoJxSu23E autoplay:0]





