вторник, 5 мај 2026

Брнабиќ во Париз: За самопрогласената држава Косово нема место во Унеско

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ, на 41 заседание на Генералната конференција на Унеско во Париза, истакна дека четирите скапоцености на српското средновековно културно наследство – Високи Дечани, Пеќката патријаршија, Грачаница и Богородица Љевишка, се зачувани благодарение на тоа што се впишани на листата на загрозено светско наследство, но истакна дека уште стотици локалитети и споменици се загрозени.

„За жал, примерот на културното, историското и духовното наследство на Србија на Косово и Метохија е доказ колку е важна улогата на Унеско во заштитата и зачувувањето на наследството. Со нивното впишување на листата на загрозено светско наследство се чуваат четирите скапоцености на средновековното културно наследство на Косово и Метохија: манастирите Дечани, Пеќката патријаршија, Грачаница и црквата Богородица Љевишка. Меѓутоа, стотици локалитети и споменици и понатаму се загрозени“, истакна Брнабиќ.

Порача дека српското наследство на Косово е од немерливо значење, не само за националниот идентитет на Србија, туку и како драгоцен дел на европското и светско наследство.

Премиерката на Србија укажа на приврзаноста на таа земја на основните принципи на Унеско – на дијалогот и консензусот, а не на унилатерализмот, втемелени во Повелбата на ОН и Уставот на Унеско.

Брнабиќ, одговарајќи на прашања на новинарите, истакна дека Унеско е организација која се бави со прашања кои немаат врска со политиката, туку со образованието, културата, науката и други прашања.

„Кога велиме деполитизација, стоиме на тоа дека таканаречената држава Косово нема што да бара во Унеско. Унеско не е местото каде има простор да се зборува за тоа дали Косово, кое нема место во ОН, кого не го признале повеќе од половина од земјите, треба да биде член на таа организација“, кажа српската премиерка.

Истакна дека „таканаречено Косово“ нема што да бара во Унеско и дека членството на Косово не е тема и не смее да биде тема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ