недела, 3 мај 2026

Брнабиќ: Од сабота воведуваме ковид-пропусници

Објавено на

часот

Сподели

„Иако имаме над 50 починати дневно, и многу заразени, никој не мисли дека е потребно да ги почитува мерките. Поради тоа почнуваме со заострување на мерките“, кажа таа.

Таа истакна дека вакцинацијата во Србија е и понатаму лоша.

„Гледаме дека сè повеќе млади луѓе заболуваат, имаме денес и смрт на 16-годишно момче. Апелот е – вакцинација, вакцинација, вакцинација“, истакна Брнабиќ.

Додаде дека луѓето кои работат во болниците сведочат дека 90 отсто од луѓето на интензивна нега се невакцинирани.

„Поради тоа одлуката е од сабота во 22 часот да воведеме ковид-пропусници за сите угостителски објекти во затворен простор“, потврди српската премиерка.

Таа објасни дека ковид-пропусниците не значат само дека е извршена целосна вакцинација.

„Ковид-пропусниците не се само вакцините. Тоа е и потврда за втора, односно трета доза вакцина не постара од 7 месеци. Доколку сте примиле втора доза и по 7 месеци не сте примиле трета, нема да ви биде валиден ковид-сертификатот. Негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, негативен антигенски тест не постар од 48 часа, сертификат дека сте прележале ковид во претходните 210 дена. За странците тука е валиден ЕУ дигиталниот ковид сертификат“, објасни Брнабиќ.

„Ако имаме ваква скепса и сомнеж кон вакцините, не е проблем само ковидот. Ќе биде сè поголем проблем за општеството бидејќи ќе ни се враќаат и болестите кои се искоренети. Зборуваме генерално за вакцинацијата.

Ги молам луѓето за себе и за своите блиски да ги почитуваат важечките мерки“, кажа Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ