Вирџинија Ѓуфре, која го тужеше вториот син на кралицата Елизабета Втора, тврди дека Епстајн ја испратил кога имала 17 години и била малолетна според американскиот закон за пари да има секс со принцот Ендрју во Лондон, но британскиот принв ги отфрли нејзините обвинувања, пренесува Асошиејтед прес.
Полицијата во август почна со ревизија на обвинувањата поврзани со починатиот, осуден сексуален престапник Епстајн.
„Оваа ревизија е завршена и нема да преземаме никакви понатамошни дејства“, се наведува во соопштението и се потврдува дека ќе биде продолжена соработката со другите агенции кои водат истрага поврзана со Епстајн.






