среда, 6 мај 2026

Британски Ф-35 се урна во Средоземното Море, пилотот се катапултирал

Објавено на

часот

Сподели

Не е прецизирано каде во Средоземното Море се урнал авионот.

Не се смета дека станувало збор за непријателско дејствување, а истрагата ќе покаже дали станува збор за техничка или човечка грешка.

„Пилотот е безбедно вратен на бродот и истрагата е во тек па би било непримерно подетално да се коментира во овој момент“, соопштија британските воздухопловни сили.

Борбениот авион од најновата генерација Ф-35 на Кралските воздухопловни сили вреден 100 милиони фунти е во морето и допрва ќе биде извлечен.

Осум британски авиони Ф-35 се наоѓаат на носачот Кралица Елизабета заедно со десет американски Ф-35. Тие се Б варијантата на млазниот авион на Локид Мартин, кој може да полета од и да слета на кратката писта на носачот.

Кралица Елизабета се враќа во Британија по повеќе од седум месеци на море на своето прво патување до Далечниот Исток и назад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ