вторник, 5 мај 2026

Британија го крена нивото на терористичка закана

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на полицискиот оддел за борба против тероризам Рас Џексон кажа дека вчерашната експлозија пред Женската болница во Ливерпул е предизвикана со активирање експлозивна направа кое во такси возилото го внел патник.

Патникот настрадал во експлозијата и пожарот кој следел, а возачот на таксито успеал да излезе и добил повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата го истражува мотивот за инцидентот и дали има уште некој вмешан.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател им кажа на новинарите дека е кренато нивото на закана во контекст на тоа што станува збор за втор терористички напад во еден месец, без давање дополнителни детали.

Три мажи биле уапсени вчера врз основа на законот за тероризам, а четврти е уапсен денес. Се верува дека сите се „соработници“ на загинатиот патник од таксито.

Британскиот премиер Борис Џонсон денес треба да претседава со состанок на владиниот кризен одбор КОБРА, посветен на инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ