сабота, 25 април 2026

Бразилскиот претседател му се закани на Врховниот суд на собир со своите поддржувачи

Објавено на

часот

Сподели

„Или лидерот на ова тело ќе го држи под контрола (судијата Александар де Мораес), или ова тело ќе го трпи она што ние не го сакаме“, рече Болсонаро, упатувајќи ја пораката до претседателот на Врховниот суд Луиз Фукс, мислејќи на судијата Александар де Мораес.

Мораес е одговорен за истрагата за финансирање и организирање акции кои за цел имале напади врз демократијата и демократските институции, и веќе нареди апсење на сојузници и милитанти на Болсонаро.

Приврзаниците на Болсонаро на демонстрациите носеле знаци кои изразувале закани до Врховниот суд и Конгресот. Болсонаро ги зголеми тензиите воочи Денот на независноста со авторитативни закани, а набљудувачите ги опишаа како обиди за мобилизација на поддржувачите.

Неговите поддржувачи се собраа во десетина бразилски градови, но во Бразил се одржани и демонстрации против Болсонаро, меѓу другите и во Бразилија, Рио де Жанеиро и Сао Паоло.

Поддршката за администрацијата на Болсонаро опаѓа кај Бразилците, а според анкетата на почетокот на јули, 51 отсто од испитаниците биле против неговата политика, што е најлош резултат откако Болсонаро ја презеде власта во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ