среда, 22 април 2026

Борел: ЕУ треба да најде начин за соработка со Русија

Објавено на

часот

Сподели

Борел изјави дека на Советот на Европа му е наложено да подготви извештај за моменталната ситуација и перспективите за односите со Русија, кои, како што тврди, се на најниско ниво во последните децении, пренесува ТАСС.

Франција и Германија ги објавија нивните намери да предложат средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претставници на 27 земји од блокот.

Француско-германскиот предлог е отфрлен, што покажа колку за одделни земји од ЕУ се чувствителни односите со Русија, додаде Борел.

„Можеби мислите дека доколку Џо Бајден и Владимир Путин се сретнаа, зошто тоа не би го направиле европските лидери. Меѓутоа, меѓу Бајден и Русија е Атлантскиот океан, додека некои европски земји граничат со Русија“, кажа шефот на европската дипломатија.

Тој истакна дека без оглед на тоа членките на ЕУ треба да најдат начин за обострано разбирање со Русија околу прашањата кои бараат обострани одлуки.

„Политиката не може да биде базирана само на санкции. Сепак, доаѓа момент кога тие мора да се воведат, во спротивно едната страна е лимитирана само на изјави“, заклучи Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ