Според спогодбата меѓу Боинг и семејствата на жртвите, адвокатите на жртвите нема да бараат кривична отштета, а Боинг нема да ги оспорува тужбите поднесени во Илиноис, пишува Си-ен-ен.
„Боинг сака да обезбеди сите семејства кои ги загубиле своите најблиски во несреќите да бидат целосно обесштетени за нивната загуба. Со прифаќањето на одговорноста, Боинг им овозможува на двете страни да се фокусираат на одредување соодветна компензација за секое семејство“, соопшти Боинг во средата.
Адвокатите на жртвите во соопштението рекоа дека Боинг според договорот признал „дека авионот 737 Макс во сопственост на компанијата Етиопијан ерлајнс не бил безбеден“ и дека нема да се обиде да обвини некој друг за несреќата.
„Ова е значајна пресвртница за семејствата во нивната потрага по правда бидејќи тоа ќе обезбеди соодветно да се третираат и да се исполнат услови за наплата на целосен надомест според законот на Илиноис“, велат адвокатите.
Ралф Надер, чија внука била една од жртвите на несреќата, ја критикуваше спогодбата бидејќи им оневозможува на адвокатите казнено да ги испрашуваат сегашните и поранешните директори на Боинг и да поднесуваат кривични барања за отштета.






