Блинкен посочи дека нема оправдување за таквиот чин, како и дека САД и нивните партнери и влади во регионот ги разгледуваат следните чекори и соодветен одговор на нападот, пренесе Ројтерс.
Две лица загинаа во напад со беспилотно летало врз нафтениот танкер „Мерсер стрит“, со кој управува „Зодијак маритим“ во сопственост на израелскиот милијардер Ејал Офер.
Бродот пловел под знамето на Либерија кога бил нападнат во близина на брегот на Оман во четвртокот, а компанијата соопшти дека сѐ уште се утврдуваат сите околности, додека израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид за овој инцидент во петокот го обвини „иранскиот тероризам“.
Иран ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Израел со такви неосновани тврдења се обидува да го оттргне вниманието од фактите.






