сабота, 25 април 2026

Блинкен: Талибанците мора да го заслужат легитимитетот

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен го кажа ова по средбата со германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас, во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Блинкен и Мас во Рамштајн беа домаќини на виртуелен состанок на министри од 20 земји, НАТО и Европската Унија за кризата во Авганистан.

Блинкен рече дека односот кон владата и кон талибанците ќе зависи од нивните постапки.

Талибанците во вторникот го објавија составот на новата влада, а министерските позиции им беа доделени на личности што се истакнаа во борбата против САД и нивните сојузници во последните 20 години.

Претходно, пред состанокот со Блинкен, Мас изјави дека „објавувањето преодна влада без учество на други групи и вчерашното насилство врз жените демонстранти и новинари во Кабул не инспирираат оптимизам“.

Талибанците се вратија на власт 20 години откако беа соборени од коалицијата предводена од САД. Меѓународната заедница очекува некаква промена во нивната влада во споредба со пред 20 години и тие се обврзаа да ги почитуваат правата на жените, што не беше случај кога беа претходно на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ