вторник, 5 мај 2026

Бившиот главен советник на Трамп обвинет за непочитување на Конгресот, го чека судење

Објавено на

часот

Сподели

Според Министерството за правда, Банон е обвинет по две точки за непочитување на Конгресот. Тој не сакал да сведочи ниту да ги достави бараните документи. Датумот на судењето сѐ уште не е одреден.

Трамп го помилува Банон пред да ги загуби изборите

„Од мојот прв ден на функцијата, им ветив на вработените во Министерството за правда дека ќе работиме заедно за да му покажеме на американскиот народ со збор и дело дека Министерството го почитува владеењето на правото, дека ги следи фактите и законот и еднаквата правда пред законот“, рече државниот обвинител Мерик Гарланд.

Повеќе од 670 луѓе беа обвинети за учество во немирите на 6 јануари, најлошиот напад врз американската влада од војната во 1812 година. Избраната комисија издаде 19 судски покани. Пред да ја напушти функцијата во јануари, Трамп го помилува Банон од обвинението дека ги измамил поддржувачите на републиканскиот претседател.

На Банон му се заканува затворска казна од 30 дена до една година за секоја точка и ќе му суди федерален суд. Но, судската битка може да трае со месеци, ако не и години, што може да ја поткопа истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ