среда, 6 мај 2026

Бил Гејтс ја предвиде стапката на смртност од ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи во четвртокот во виртуелно интервју на Новиот економски форум на Блумберг во Сингапур, основачот на Мајкрософт изјави дека вакцините, природниот имунитет и новите орални третмани значат дека „стапката на смртност и стапката на заболување треба да се намалат прилично драматично“.

Технолошкиот магнат, кој беше особено гласен за време на пандемијата, рече дека проблемите околу капацитетот за производство на вакцините најверојатно ќе бидат заменети со предизвици во дистрибуцијата, па дури и со намалена побарувачка.

„Вакцините се многу добра вест, а проблемите со снабдувањето во голема мера ќе бидат решени кога ќе излеземе кон средината на следната година, па затоа ќе се појават проблеми со логистиката и побарувачката“, истакна тој.

Тој, исто така, ѝ кажа на својата публика дека останува да се види колкава е побарувачката за вакцини против ковид-19 на места како Супсахарска Африка.

Повикувајќи на повеќе работа за искоренување на грипот, Гејтс тврдеше дека стапките и смртните случаи на ковид-19 до средината на следната година веројатно ќе паднат под оние од грипот, освен ако не се појават посмртоносни варијанти на коронавирусот.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс инвестираше стотици милиони долари во развој и дистрибуција на спасоносните вакцини.

Според Светската здравствена организација, грипот убива до 650.000 луѓе секоја година. Најмалку 5 милиони луѓе починаа од ковид-19 од почетокот на пандемијата кон крајот на 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ