вторник, 5 мај 2026

Белоруска авиокомпанија престанува да прима патници од Ирак, Сирија и Јемен

Објавено на

часот

Сподели

Европската унија тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да се обидат да ја преминат границата со Полска и се заканува со нови санкции за Минск и авиокомпаниите што превезуваат мигранти, можеби веќе во понеделник.

Алијансата ја обвинува Белорусија дека врши „хибриден напад“, а таа сојузничка на Кремљ предупреди дека оваа криза може да ескалира во воен конфликт.

„Согласно одлуката на турските власти, државјаните на Ирак, Сирија и Јемен нема да бидат прифатени на летови од Турција до Белорусија од 12 ноември 2021 година“, соопшти Белави на својата официјална веб-страница.

На авиокомпанијата ѝ се забранети летови над воздушниот простор на Европската унија, откако властите во Минск претходно оваа година наредија авион на Рајанер, кој летал од Грција за Литванија, принудно да слета во Белорусија за да можат да го уапсат белорускиот дисидент Роман Проташевич и неговата партнерка.

Белави продолжува да лета до дестинации како Египет, Јордан, ОАЕ, Ерменија, Грузија, Азербејџан, Узбекистан и Казахстан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ