четврток, 7 мај 2026

Белград: Курти ја потврди својата позиција на дестабилизатор на регионот

Објавено на

часот

Сподели

Петковиќ ова го изјави по јавното одбивање на Курти да ја прифати обврската Приштина да овозможи формирање Заедница на српски општини. Според Петковиќ, Курти со ова ја потврдил својата позиција на дестабилизатор на регионот.

Петковиќ кажа дека Курти одбива да сфати дека постои јасна зависност меѓу напредокот во дијалогот на Белград и Приштина и вкупните економски и безбедносни прилики во регионот, и дека секој пат кога јавно ќе го обесмисли тој процес тој работи против интересите на сопствените сонародници.

„Ако Курти не сфаќа дека регионалната стабилност, општествениот и економскиот напредок се и во интерес на Албанците на Косово и Метохија, а очигледно не сфаќа, тогаш се бави со погрешната професија. Упорно опстојувајќи на својата политика дека тоа што е добро за Србите е автоматски лошо за него и за Албанците на Косово и Метохија, Курти признава дека е човек од минатото, дека е непоправливо заробен во агресивните идеолошки матрици, и дека дава предност на конфликтот, а не на соработката“, оцени Петковиќ.

Според него, формирањето на ЗСО е во интерес на Србија и српскиот народ бидејќи е испреговарано како цврст механизам за заштита на правата и позицијата на Србите на Косово, како и дека тоа не би смеело да биде проблем за ниеден нормален и прогресивен албански политичар.

Петковиќ истакна дека и во Белград интересот е и Албанците на Косово да живеат подобро, и дека Белград, за разлика од Курти, никогаш не ја градел својата позиција во дијалогот со тоа што настапувал со желба некому да му биде полошо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ