Тој, на новинарското прашање дали навистина десетина држави се спремни да ги повлечат своите одлуки за признавање на Косово, доколку Приштина тргне во кампања за нови признавања, одговори дека Белград е лојален партнер и одговорен кон она што ќе го договори.
„Со Вашингтонскиот договор е утврдено Белград да не води кампања за повлекување на признавањата, ниту Приштина да се пријавува за членство во меѓународните организации ниту да води нова кампања за признавање. Ние се држиме до својата обврска и ќе се држиме, а ако таа биде прекршена од другата страна знаеме што да правиме“, кажа министерот Селаковиќ.
Тој потсети и дека српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека никој не треба да ги потценува моќта и силата на Србија, поради тоа што Белград е прибран, ја работи својата работа, молчи и не бранува многу.
„Она што на сите им е јасно е дека кога со Белград нешто ќе договорите, тоа се исполнува и така ќе биде во иднина“, додаде Селаковиќ.






