понеделник, 17 ноември 2025

Белгиски министер: Ќе ја срамниме Москва со земја доколку Брисел биде нападнат

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен изјави дека НАТО ќе ја „срамни Москва со земја“ доколку Русија некогаш го нападне Брисел. Во опширно интервју, Франкен се осврна на низа најактуелни стратешки прашања, вклучувајќи ја војната во Украина, европската одбрана и нуклеарното одвраќање, објави Бриселс тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На директно прашање дали се плаши дека рускиот претседател Владимир Путин може да започне конвенционален ракетен напад врз Брисел, неговиот одговор беше недвосмислен: „Не, бидејќи тогаш би го погодил срцето на НАТО, а потоа ние би ја срамниле Москва со земја“. Франкен ја изрази својата цврста поддршка за американското лидерство во рамките на НАТО и ја повтори својата доверба во Член 5, клаузулата за заемна одбрана што е основа на Алијансата.

На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп би го почитувал Член 5, Франкен одговори потврдно. „Секако дека би го сторил тоа. Во Европа има многу предрасуди кон американската влада. Зошто не би го почитувал Член 5?“

Франкен рече дека е повеќе загрижен за руската употреба на хибридно војување отколку за заканата од конвенционален напад. „Крстосувачка ракета врз Брисел? Јасно е дека тоа би го активирало Член 5, без разлика која дефиниција ја користите. Путин нема да го стори тоа“, рече тој.

„Повеќе размислувам за сценарија од сива зона: мали зелени луѓе кои го поттикнуваат малцинството кое зборува руски во Естонија против „нацистичкиот режим“. Пред да се свестите, тие анектирале дел од Естонија“, објасни министерот.

Министерот за одбрана не покажа нималку ентузијазам за идејата за заедничка европска армија. Тој ги критикуваше поголемите европски земји за „максимизирање на сопствените пазари“ и праша како земјите кои во моментов не можат да соработуваат во набавките за одбрана, би можеле да ги интегрираат своите национални армии.

„Секој што верува во европска армија продава магла“, рече тој. „За среќа, го имаме НАТО, кое повторно ја докажа својата ефикасност со воздушната одбрана во Полска и Естонија“.

Покрај за меѓународните прашања, Франкен зборуваше и за внатрешните проблеми, признавајќи дека со Брисел има „однос помеѓу љубов и омраза“. Тој го поддржа повикот на Жорж-Луј Буше, лидерот на франкофонските либерали, за распоредување на војската на улиците на белгиската престолнина за следење на жариштата на трговијата со дрога.

„Ако не се справиме со војната против дрогата и несигурноста, бриселскиот рак ќе се проширува“, предупреди тој. „Дали тоа бара војска на улиците? Ако е така, тогаш ќе го сториме тоа.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ