четврток, 26 март 2026

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, размислуваме за санкции кон Израел

Белгија ќе ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН, изјави утрово министерот за надворешни работи Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот притисок врз Израел по сличните потези на Австралија, Велика Британија, Канада и Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Под сè поголемите глобални критики поради војната во Газа, Израел е незадоволен од најавите на голем број земји дека формално ќе ја признаат палестинска држава на седница на телото на ОН подоцна овој месец.

Белгија ќе им се придружи на потписниците на Декларацијата од Њујорк, отворајќи го патот за решение со две држави, или палестинска држава што мирно коегзистира покрај Израел, рече Прево во објава на Икс.

Одлуката доаѓа „во светло на хуманитарната трагедија што се одвива во Палестина, особено во Газа, и како одговор на насилството што Израел го врши кршејќи го меѓународното право“, додаде Прево.

Белгија исто така ќе размисли за воведување 12 санкции кон Израел, како што се забрана за увоз на производи од неговите населби и преиспитување на политиките за јавни набавки од израелски компании, како и прогласување на лидерите на Хамас за персона нон грата во Белгија, рече Прево.

Палестинците долго време бараат држава на Западниот Брег и во Газа под израелска окупација, со Источен Ерусалим како главен град. САД тврдат дека таква држава може да се воспостави само преку директни преговори меѓу Израелците и Палестинците.

Белгија, членка на Европската Унија, донесе одлука да го зголеми притисокот врз израелската влада и Хамас, рече Прево.

Во 2024 година, највисокиот суд на Обединетите нации пресуди дека израелската окупација на палестинските територии, вклучувајќи го Западниот Брег и нејзините населби, е нелегална и дека израелската војска треба да се повлече што е можно поскоро.

Израел тврди дека териториите не се окупирани во правна смисла бидејќи се наоѓаат на спорна земја, но Обединетите нации и поголемиот дел од меѓународната заедница ги сметаат за окупирана територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ