Највисоките температури во Европа се забележани на Медитеранот, на Балканскиот Полуостров и во Турција, а тие од почетокот на јули надминаа 40 Целзиусови степени. Меѓутоа, топлинскиот бран неодамна се прошири и во постудените области како што се Велика Британија и Ирска, каде што беа регистрирани до 30 степени, што не е вообичаено за тој дел од Европа, дури ни во текот на летните денови, пренесува Севир ведер.
Сепак, во почетокот на следниот месец ќе биде уште потопло. Значително потопла воздушна маса од нормалната брзо ќе се крене од Медитеранот кон Балканскиот Полуостров, при што се очекуваат скоро 10 °Ц над просечната температура. Највисоките температури се очекува да бидат помеѓу 40 и 45 степени, на јужниот Балкански Полуостров, како и во Италија и други делови на јужен Медитеран. Делови од Македонија, Италија, Србија, Албанија, Романија, Бугарија и Грција ќе бидат погодени од екстремно сув топлински бран и можно е ова лето да стане едно од петте најтопли досега.
И морето се загреа

Во текот на изминатите недели температурата на површината на морето е значително зголемена. Во сите мориња во Европа температурата е најмалку шест степени над просекот. Зголемена е и температурата на водата во Атлантски Океан околу Велика Британија и Ирска. Таа изнесува 2 до 4 степени над нормалата, што е многу ако се земе предвид дека високи температури беа забележани само во областа на Западна Европа.

Сето ова значително влијае на квалитетот на воздухот што Европејците ќе го дишат. Имено, ако температурата на морето е повисока од просечната, нивото на влагата што ќе испари од него ќе биде неспоредливо повисоко од нивото од пред неколку години. Метеоролозите велат дека вообичаените поплави во текот на септември се јавуваат како последица на фактот дека температурата на крајот на август по природа е над просечната, па тоа што веќе е значително над просекот треба да укаже дека овој дел од Европа деноноќно ќе се бори со поплави.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=3NzX3CqqSM8 autoplay:0]





