понеделник, 4 мај 2026

Балканот е под силно влијание на глобалното загревање, предупреди Светската организација за заштита на природата

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата предупреди дека Балканот во последниве години е силно погоден од глобалното затоплување, со просечен пораст на температурата од 1,2 степени, и дека се очекува дополнително затоплување од 1,7 до 4 степени, во зависност од локалните и меѓународните мерки за намалување на емисиите на гасови со ефектот на стаклена градина во следните години.

„Собирот во Глазгов може да биде последната шанса да ги забавиме климатските промени, светските лидери да постигнат договор и да ги исполнат сите досегашни ветувања поврзани со климатските промени“, рече извршната директорка на ВВФ Адриа, Наташа Калауз.

Организацијата апелираше до граѓаните да се приклучат во кампањата „Нема да заборавиме“ (#WeWontForget) за да ги потсетат официјалните лица на ветените цели и конкретните мерки за ублажување и приспособување во соочувањето со климатските промени.

Конференцијата на ОН за климатски промени ќе се одржи во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, а владините претставници од целиот свет треба да дефинираат заеднички политики и мерки како одговор на климатската криза, односно да ги исполнат ветувањата од многубројните претходни самити на врвот, сумирани во Парискиот договор од 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ