среда, 6 мај 2026

Бајден размислува за дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е нешто за што размислуваме“, им рече тој на новинарите.

Дипломатски бојкот би значело да не се испратат владини претставници да го претставуваат Вашингтон на натпреварите, но сепак американските спортисти би учествувале.

Повеќе тврдокорни републиканци бараат од Бајден да објави целосен бојкот на САД за да ја осудат репресијата над Ујгурите во Ксинџијанг што американската влада ја квалификува како геноцид.

Но, голем број пратеници од двете страни, и републикански и демократски, вклучително и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и републиканскиот сенатор Мит Ромни, се залагаат за дипломатски бојкот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ