среда, 6 мај 2026

Бајден разговараше со европските лидери за руските сили на границата со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон ја истакнаа својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се вели во соопштението на Белата куќа.

Тие се согласија дека акумулацијата на руските вооружени сили на границата со Украина и се поострата реторика на Русија предизвикуваат загриженост, се вели во соопштението.

Тие ја повикаа Русија да ги намали тензиите и заклучија дека единственото решение за конфликтот во Донбас е дипломатијата, преку спроведување на Договорот од Минск.

Тие најавија продолжување на консултациите за „координиран и сеопфатен пристап“ кон тој проблем, во што ќе учествуваат и сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, соопшти Белата куќа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот, потврдувајќи ја „непоколебливата поддршка“ на Вашингтон за суверенитетот на Украина, која се соочува со „руска агресија“, соопшти Стејт департментот.

„Двајцата претставници се согласија дека конфликтот во Донбас треба да се реши по мирен, дипломатски пат и дека суверенитетот на Украина мора целосно да биде обновен на нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим“, соопшти Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ