Законот кој беше одобрен од американскиот Конгрес на 16 декември е дел од одговорот на Вашингтон на она што го нарекува кинески прогон на муслиманското население Ујгури во тој регион. Законот е донесен поради наводната загриженост дека целата роба во Синџијанг е произведена со присилна работа.
Кина негира дека ги крши човековите права во Синџијанг од каде доаѓаат повеќето светски материјали за производство на соларни панели, но американската влада и западните хуманитарни организации без да понудат докази тврдат дека Пекинг таму спроведува геноцид.
Американското министерство за финансии претходно месецов санкционираше двајца високи кинески функционери поради кршењето на човековите права во тој регион и ја стави кинеската компанија за надзор на вештачката интелигенција Сенстајм на црна листа поради својата технологија за препознавање лица која наводно цели на ујгурското малцинство.






