среда, 22 април 2026

Бајден најави воведување нови санкции за Куба

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот со лидерите на кубанската американска заедница Бајден исто така рече дека им наредил на Министерството за финансии и на Стејт департментот да го известат за еден месец како да им овозможат на Американците да им испраќаат уплати со дознаки на Кубанците, објави Ројтерс.

САД претходно воведоа санкции против кубанскиот министер за безбедност и единицата на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи, поради наводни прекршувања на човековите права за време на задушувањето на антивладините протести одржани овој месец, објави Гардијан.

Илјадници Кубанци во средината на јули протестираа против економската криза што доведе до недостиг од основните прехранбени производи и прекин на електричната енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ