четврток, 23 април 2026

Бајден на граѓаните на Хонг Конг им даде привремен азил во САД

Објавено на

часот

Сподели

„Поддршката на САД за народот на Хонг Конг нема да ослабне“, напиша Џо Бајден во извршната уредба објавена во четвртокот од Белата куќа.

Според американската администрација, оваа одлука опфаќа „илјадници“ луѓе.

„Поради апсењата и политички мотивираните судења, замолчувањето на медиумите, ограничувањата наметнати од изборите и демократската опозиција, ќе продолжиме да дејствуваме“, предупреди портпаролката Џен Псаки.

Кина „целосно ги наруши институциите на Хонг Конг и ги задуши слободите“ на нејзините жители, предупреди државниот секретар Антони Блинкен, кој зборува за „јасна порака“ упатена до кинескиот режим.

Во текстот објавен во четвртокот, се повикуваат американските миграциски власти да го продолжат престојот на жителите на Хонг Конг кои живеат во САД за 18 месеци пред да мора да ја напуштат територијата на САД.

Оваа правна можност позната како „одложено протерување“ е под директна надлежност на американскиот претседател.

Исто така, ќе им биде дозволено да работат во САД.

Одложувањето може да се ускрати под одредени услови, на пример во случај на повторување на кривично дело.

Кинеската амбасада во САД ја осуди одлуката оценувајќи ја како „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“.

„Американското гледиште за ситуацијата во Хонг Конг е црно-бело“, рече портпарол на амбасадата во четвртокот, истакнувајќи дека по донесувањето на Законот за национална безбедност пред една година е „обновен социјалниот поредок“ и „е загарантирано владеењето на правото“.

Велика Британија одлучи да дозволи продолжување на визата и натурализација за милиони жители на Хонг Конг од 31 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ