среда, 6 мај 2026

Бајден беше на лекарски преглед: „Тој е здрав, силен и подготвен за должност“

Објавено на

часот

Сподели

Кевин О’Конор, докторот на американскиот претседател, рече дека на колоноскопија е пронајден полип со бениген изглед, кој лесно бил отстранет.

„Хистолошката евалуација се очекува да биде завршена на почетокот на следната недела. Претседателот никогаш немал рак на дебелото црево“, изјави докторот.

О’Конор, исто така, рече дека Бајден покажал зголемена зачестеност и сериозност на чистење на грлото поради рефлукс, за што бил потребен детален преглед. Тој преглед не откри тумори, чиреви, рак или други сериозни состојби, рече докторот.

Одењето на Бајден исто така изгледа значително потешко и помалку флуидно отколку во минатото, напиша О’Конор. Прегледите покажале дека најголемиот дел од вкочанетоста може да се припише на трошење на ‘рбетот.

Бајден, кој денеска го слави својот 79 роденден, продолжи да ја врши својата претседателска должност по краткиот трансфер на власта на потпретседателката Камала Харис за време на анестезијата. Така, Харис стана првата жена во историјата на САД со претседателски овластувања.

Бајден како 78-годишен стана најстариот американски претседател во историјата. Иако сè уште се шпекулира дали ќе се кандидира повторно во 2024 година, тој вели дека очекува втор мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ